24фудбал

Познато е што му рекол Дембеле на судијата за тој да му покаже црвен картон

Дембеле сигурно ќе го пропушти Ел Класико дуелот откако синоќа во финишот од мечот против Севиља доби црвен картон поради навреда на судијата.

Шпанија

Во 87. минута Дембеле доби црвен картон од судијата Матеу Лахоз поради вербална расправија.

Според извештајот на судијата, Дембеле му рекол: „Многу лош, многу си лош“ додека гестикулирал со рацете, момент исто така наведен од Матеу Лахоз.

Во зависност од тоа како ќе биде оквалификуван гестот на Дембеле ќе биде и должината на казната.

Доколку се окарактеризира како навреда директно врз судијата суспензијата ќе биде долга, од 4 до 12 натпревари. Поблага варијанта ќе биде доколку се работи за неспортско однесување.

Како и да е, тој сигурно ќе го пропшти Ел Класико дуелот со Реал Мадрид, бидејќи во најдобрата варијанта би добил два меча суспензија, а по Еибар на Барса и следува дуел со вечниот ривал.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде се чуди, вели дека Дембеле не знае шпански јазик.

„Не знам што точно кажал Дембеле, немам зборувано со него. Чудно ми е, имам проблеми да зборувам со него, тешко е да извлечете збор бидејќи не знае шпански. Не велам дека судијата не е во право, но чудно ми е“, изјави Валверде.