24фудбал

Навивачите на Јувентус имаа порака до Конте: Од Лече во Бари, од Торино во Милано, ти си... (ФОТО)

Навивачите на италијанскиот првак ги дочекаа своите пет минути и „удрија“ по поранешниот тренер на нивниот омилен клуб, сегашен тренер на ривалот Интер.

Италија

Бранителот на шампионскиот трофеј во Италија, Јувентус го сопре Интер кој беше во неверојатен налет од цели шест победи во низа во Серија А, па така „Старата дама“ го совлада својот ривал синоќа во дербито со 1-2 на негов терен, а воедно ги симна „Нероаѕурите“ од врвот на табелата.

За очекување беше да проследиме реакција од навивачите на Јувентус, особено кон поранешниот тренер на таа екипа, Антонио Конте, кој сезонава е на кормилото на нивниот ривал Интер, а токму тоа и се случи.

Навивачите на италијанскиот првак поставија банер пред арената во Милано, а на кој во пораката прстот беше посочен кон Конте, каде се алудираше на неговите преселби од еден клуб, во ривал на тој од претходно.

Од Лече во Бари, од Торино во Милано, ти си без достоинство, ова е вистината – Антонио Конте, с*ање од човек“ беше пораката која осамна во Милано пред самото дерби.