24фудбал

Шкринијар ја посочи главната причина за поразот од Јувентус: Исто како и на мечот со Барселона...

Антонио Конте го забележа својот прв пораз на кормилото на „Нероаѕурите“ по одличниот старт на новата сезона во Серија А, и тоа од неговиот поранешен клуб Јувентус.

Италија

Јувентус ја сопре победничката низа на Интер од цели шест меча во серија во Серија А, па така „Старата дама“ славеше со 1-2 на гостувањето во Милано синоќа, а со тоа се искачи на врвот во најсилниот фудбалски шампионат на Италија.

Интер иако тргна со негатива на дербито синоќа по голот на Дибала уште во четвртата минута, се врати со голот од пенал на Лаутаро, меѓутоа Игуаин пресуди на домаќинот во последната фаза од пресметката, а Милан Шкринијар во изјава за „Скај Италија“ посочи за главната причина поради која „Нероаѕурите“ врзаа два порази во низа, оној кај Барселона (2-1) во Лигата на шампионите, како и синоќешниот, Словакот акцент стави на завршницата во акциите на Интер.

Дури и сега, како на мечот против Барселона, игравме прилично добро, знаевме како да ја задржиме топката во наш посед, креиравме шанси, меѓутоа имавме проблеми да постигнеме голови“ рече дефанзивецот на „Нероаѕурите“.

Знаевме дека Јувентус е моќен, се уште мораме да се подобриме во неколку делови од играта, меѓутоа мораме да продолжиме понатаму, мораме да бидеме многу поагресивни кога станува збор за играта во казнениот простор, Јувентус и Барселона беа многу опасни во тие делови од теренот“ заклучи Словакот.