24фудбал

Официјално: Ернест Ѓока е нов тренер на Шкендија

Шкендија го назначи албанскиот стратег Ернест Ѓока за нов тренер на првиот тим.

Македонија

Шкендија потврди дека Ернест Ѓока е нивниот нов тренер.

„ФК Шкендија со задоволство може да соопшти дека го назначува Ернест Ѓока за нов тренер. 49-годишниот стратег од Тирана потпиша професионален договор и веднаш ќе почне со работа, првиот тренинг е закажан за денеска“, стои во соопштението на Шкендија.

Ѓока вели дека е среќен поради ангажманот во Шкендија и се надева дека ќе ги исполни високите клупски цели.

„Дојдов во клуб каков што е Шкендија, пред се професионален и многу внимателно конструиран клуб. Моите приви импресии се многу добри и мислам и се надевам дека таквите импресии кои ги имам денеска ќе останат за целото време додека работам тука. Подготвен сум за предизвикот бидејќи се знае дека барањата на Шкендија се високи. Сакаат да сме успешни цело време, да бидеме шампиони, да одиме во Лига Европа, да се носиме со екипите од Лига Европа, а зошто не и од Лигата на шампионите“, вели Ернест Ѓока.

Шкендија има разочарувачки старт на сезоната, во моментов се наоѓа на шестото место со дури девет бода заостанување зад лидерот Вардар.

Новиот стратег на Шкендија ќе дебитира на домашен терен против екипата на Академија Пандев.