24фудбал

Меси стравувал од предавство: Мислев дека Нејмар ако не дојде во Барса ќе заврши во Реал

Лео Меси открива дека стравувал за можноста Нејмар да заврши во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид, Бразилецот изминатово лето изрази желба да замине од Париз.

Шпанија

Нејамр беше топ тема на трансфер пазарот со месеци. Напаѓачот го извести ПСЖ дека сака да замине, негова прва желба беше враќање на Камп Ноу, но Барселона немаше пари да го реализира трансферот.

И додека „каталонците“ бараа формула која ќе ги убеди „светците“ да се разделат со својата прва ѕвезда, имаше многу гласини за тоа дека Реал Мадрид и Јувентус подготвуваат богати понуди, но на крајот ништо не се случи и Нејмар остана во Париз.

Во интервју за РАЦ1, кое делумно беше обелоденето доцна вечерва, Лео Меси сега открива дека стравувал за можноста Нејмар да заврши во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид.

„Искрено мислев дека Нејмар ќе заврши во Реал доколку не се врати во Барса. Тој навистина сакаше да замине од Париз, самиот го кажа ова. И мислев дека Флорентино и Реал Мадрид ќе сторат нешто за да го украдат“ - вели Аргентинецот.

Тој потоа ја објасни ситуацијата од мечот со Севиља кога Дембеле доби црвен картон за приговор. Камерите го уловија Лео Меси како му објаснува на судијата Матеу Лахоз дека Французинот не знае шпански. Многумина сметаат дека ова е беден изговор, но капитенот на Барса инсистира дека тоа е вистината.

„Тешко ми е да поверувам дека му го кажал тоа бидејќи тој има проблем да сврзе два збора на шпански, не знае да формира реченица. Сите бевме прилично изненадени од тоа што Матеу разбрал толку јасно, на Дембеле му е тешко да зборува шпански“.