24фудбал

Тухел за Нејмар: Можеби е тешко да замислите, но тој...

Иако сакаше да си замине изминатиот летен преоден рок, Нејмар на крајот остана во ПСЖ, францускиот првак сосема очекувано бараше големо обештетување за првата ѕвезда во својот состав, а тој на крајот мораше да се помири со таквиот исход на настаните.

Франција

Нејмар е многу добро момче, тврди шефот на стручниот штаб на францускиот првак ПСЖ, Томас Тухел во однос на првата ѕвезда на тој тим, а извесно е дека обете страни ги „пеглаат“ недоразбирањата од изминатото лето.

Бразилската ѕвезда сакаше да си замине од француската престолнина, негов прв избор по ПСЖ беше враќање во Барселона, иако се шпекулираше и за опцијата Реал Мадрид, нешто што самиот Лионел Меси посочи дека стравувал од такво нешто.

Сосема очекувано, по враќањето на терените, Нејмар се соочи со негодување од навивачите на ПСЖ кои не се штедеа во своите свирежи упатени кон него за време на натпреварите, но, Тухел вели дека Нејмар е добро момче.

Ова момче има добра позадина, можеби е тешко да замислите кога ќе го видите надвор од сите работи кои се случуваат, меѓутоа тој е навистина добро момче“ изјави Тухел за „БеинСпортс“.

Не е тешко да бидете близу него и да го убедите да го стори вистинското нешто“ додаде тој, а потоа ја коментираше потенцијалната можност заминување на Бразилецот изминатото лето.

Знаев дека сака да си замине од клубот, а јас бев против такво нешто, тој беше запознаен со мојата желба, меѓутоа ниту јас, ниту тој не е заслужен за тоа што остана на крајот, сепак, клубот мора да постави цена за евентуална продажба, ние обајцата се сложивме на тоа дека ние не можеме да го решиме тоа, а дополнително истото да не влијае на нашиот однос, бидејќи знаевме дека постои можност да продолжиме со заедничката работа, глупаво би било седа упропастиме“ заклучи Тухел.