24фудбал

Манчестер јунајтед го подготвува теренот за „Бејби Мурињо“!

Младиот германски фудбалски стратег се споменува како иден тренер на Манчестер јунајтед, клуб кој неколку сезони никако да ги склопи коцките, особено почнувајќи од тренерското столче по ерата на Алекс Фергусон.

Англија

Манчестер јунајтед сериозно ја разгледува опцијата Јулиан Нагелсман за иден тренер на тимот, пренесе „Спортсмејл“, кој воедно тврди дека Премиерлигашот од „Олд Трафорд“ веќе го подготвува теренот за младиот тренер од клупата на Лајпциг.

Нагелсман има само 32 години, меѓутоа веќе има големи успеси во своето поле во Германија, а заработи и интерес од страна на англискиот гигант кој е во проблеми веќе неколку сезони во низа, по крајот на ерата на Алекс Фергусон.

Нема никакви дилеми во тоа дека постои голем притисок над Оле Гунар Солшер, особено по слабите изданија изминатиов период, и покрај тоа што норвешкиот фудбалски стратег се соочи со проблеми околу повредите во тимот, кои влијаеа на резултатите.

Нагелсман мошне рано ја заврши својата фудбалска кариера, поради повреда одлучи да се повлече, а во 2016. година седна на столчето на Хофенхајм, клуб со кој имаше големи успеси, за одбележување е пласманот во Лигата на шампионите пред три сезони, а оваа сезона седна на клупата на Лајпциг.

Потенцијалот кој за брз период го прикажа, на Нагелсман му донесе и прекар „Бејби Мурињо“.