24фудбал

Мурињо чека отказ на Почетино за тој да седне на клупата на Тотнем

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо сака да биде тренер на Тотнем.

Англија

Тотнем лошо ја почна сезоната, посебно катастрофална беше последнава недела во која примија десет гола, седум од нив беа од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Маурицио Почетино се наоѓа пред отказ и доколку не се подобрат работите во наредните мечеви сигурно ќе биде сменет.

Жозе Мурињо е името кое се споменува како наследник на Почетино.

Тотнем би бил идеален клуб за Португалецот. Тој со неговата фамилија живее во Лондон, ја сака Премиерлигата, а газдата на клубот ги дели истите амбиции за успех како и Жозе.

„Треба да бидам трпелив и да ја чекам вистинската шанса, а вистинската шанса е онаа која има исти амбиции и ниво на кое јас сум како тренер. Треба да чекам за да дојде една таква“, изјави Мурињо на почетокот од сезоната.

Тој се поврзуваше и со враќање во Реал Мадрид, но последните натпревари во Примера се добри за Зидан па кралскиот клуб нема да избрзува со отказ за Французинот. 

Судејќи според последните резултати Почетино е поблиску до излезната врата отколку Зидан.