24фудбал

Јувентус има план за Погба

Јувентус повторно се поврзува со можен трансфер на Погба, иако веројатно е дека ќе има и натаму сериозен ривал за потписот на Французинот во Реал Мадрид, кој од поодамна е во игра за фудбалерот од средниот ред.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека италијанскиот првак Јувентус веќе има план за тоа како да дојде до потписот на Пол Погба од Манчестер јунајтед, наводно „Старата дама“ ќе ги понуди Емре Џан и Марио Манџукиќ во пакет за Французинот, а тоа ќе го стори уште во јануарскиот преоден рок.

Погба остана во Манчестер изминатиот летен преоден рок, иако за него постоеа и други опции, особено потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид за кој долго пишуваа медиумите, меѓутоа остана дилемата колку Французинот има желба да настапува за „Црвените ѓаволи“ во иднина.

„Тутоспорт“ наведува дека во Јувентус се сериозни за можниот трансфер на Погба во Торино, од каде за 110 милиони евра се пресели во Манчестер, а во поглед на тоа што Премиерлигашот бара за неговите услуги, весникот додава дека во Јувентус се подготвени да ги понудат Џан и Манџукиќ за да го вратат 26 годишниот фудбалер во тимот.

Двоецот од Јувентус веќе не е во преден план во тој состав, а веќе беа изоставени и од составот во Лигата на шампионите, извесно е дека можат да пополнат многу испразнети дупки во тимот од „Олд Трафорд“, особено тоа може да го стори Манџукиќ во нападот на Премиерлигашот, кој има проблеми по заминувањето на Лукаку.