24фудбал

Гвардиола може да се повлече од клупата на Манчестер Сити?

Се наведува дека избраниците на разлутениот Гвардиола ги чека вистинско пеколно темпо во продолжението од сезоната, особено по зголемувањето на разликата со лидерот Ливерпул во Премиерлигата на негативен план.

Англија

Според пишувањата на медиумите од Островот, се вели дека шефот на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе се повлече од клупата на тимот од „Итихад“, доколку работите продолжат во иста насока како досегашните од новата сезона.

Дополнително, на Островот додаваат дека раководството на Манчестер Сити е запознаено со намерите на Гвардиола, особено алармот се вклучил по поразот од Вулверхемптон на домашен терен во последното коло од Премиерлигата со 0-2, кога тимот на Сити делуваше очајно на теренот.

Разликата со големиот ривал за титулата во Премиерлигата, Ливерпул, сега е дури осум бода, а самиот Гвардиола во новата книга насловена „Градот на Пеп: Креирањето на Супертим“, објаснувајќи го својот однос со газдите на клубот, посебно со Калдун, вели дека би се повлекол доколку работите не се одвиваат според планот, односно нема да остане доколку раководството на клубот не е задоволно од неговата работа, објави „Сан“.

Меѓу другото, во книгата се вели дека Пеп ќе има доста строги мерки кон фудбалерите на Манчестер Сити за Божиќ, особено по оној шокирачки пораз од Кристал Палас ланската година, кога се разниша битката за титулата во Премиерлигата.

Сити лани загуби со 2-3 на домашен терен од Кристал Палас на 22 декември, а воедно тимот од „Итихад“ беше принуден да фрли сена една карта во продолжението од сезоната за да го престигне Ливерпул, а на крајот пресуди само еден бод за титулата да заврши во рацете на Манчестер Сити.

Почетокот на новата сезона не ветува многу за Манчестер Сити, во моментов разликата со лидерот Ливерпул е цели осум бода, а тимот на Јирген Клоп има максимален учинок од осум победи досега, па останува дилемата како понатаму на „Итихад“, со оглед на тоа што Гвардиола се соочува со сериозни проблеми околу повредите на своите клучни играчи во тимот, како Лапорт, Сане, а сега и Де Брујне.