24фудбал

Кулушевски има две цели годинава, открива неговиот агент, едната го оддалечува од дресот на Македонија

Младиот фудбалер веќе бележи успеси во настапите за Парма сезонава каде игра како позајмен од редовите на Аталанта, сепак, речиси минимални се шансите да го облече сениорскиот дрес на нашиот национален тим, особено по изјавата на неговиот агент кој ги откри плановите на фудбалерот, односно целите кои заедно ги зацртале за оваа година.

Италија

Иако настапуваше за помладите категории на нашиот национален фудбалски тим, сепак, речиси и да нема дилеми во конечната одлука на 19 годишниот Дејан Кулушевски во иднина да ги брани боите на Шведска, останува дилемата зошто се повлече, а веќе одби таква можност и за дуелите против Словенија и Полска во квалификациите за ЕП 2020.

Кулушевски е стандарден во редовите на италијанскиот прволигаш Парма, досега забележа седум настапи а постигна и еден погодок по преселбата од Аталанта, неговиот агент, Стефано Сем, во интервју за „Парма Лајф“, објасни како паднала одлуката за преселба во Парма.

Меѓу другото, самиот агент посочи дека договориле две работи со Кулушевски, од кои едната е изборување на место во националниот тим на Шведска, со што се чини дека веќе целосно се отфрла опцијата Македонија во иднина, меѓутоа дали тоа и дефинитивно ќе се случи, останува да покаже периодот кој претстои, шанса за пресврт секако постои, а исто така и надеж.

Ова лето зацртавме две цели, прво, да добиеме повеќе минутажа, односно околу 30 натпревари, како и да обезбедиме место на Европското првенство со селекцијата на Шведска, или најмалку да се обидеме да ја заокружиме годината да бидеме дел од составот“ вели неговиот агент.

Стефано Сем исто така поцентираше дека постоеле повеќе опции за Кулушевски изминатиот летен преоден рок, меѓутоа одлуката на крајот паднала на Парма, клуб во кој гледаат средина во нивните идеи.

Постоеа понуди од повеќе клубови, бидејќи Дејан е веќе четири години во Италија и имаше добар развој, ланската година забележа три настапи за Аталанта, а клубот заврши на третото место во Серија А. Аталанта ни даде гаранции дека ќе му дадат повеќе минутажа, меѓутоа нашата идеја беше тој да отиде онаму каде што би имал повеќе простор за такво нешто. Парма е добар избор која е во средина во однос на нашите идеи, а воедно и тоа што и е потребно на Аталанта“ заклучи агентот на фудбалерот.