24фудбал

Официјално: Стефано Пиоли е нов тренер на Милан

Милан денеска соопшти дека Стефано Пиоли е нов тренер на првиот тим на росонерите.

Италија

Откако синоќа му даде отказ на Марко Џампаоло, Милан денеска го назначи новиот тренер, се работи за Стефано Пиоли.

„Милан соопштува дека го назначува Стефано Пиоли за нов тренер, тој веднаш почнува со работа со првиот тим“, стои во соопштението на Милан.

Стефано Пиоли не е по мерка на фановите од Милан, стратегот нема некоја посебна статистика како тренер во Серија А, а дополнително е навивач на Интер а беше и тренер на нероазурите каде што не успеа да се задржи ниту една година.