24фудбал

Пиоли: Критиките дополнително ме мотивираат

Милан го назначи Стефано Пиоли за нов тренер, таквиот потег наиде на критики од фановите, но тој вели дека тие само дополнително го мотивираат.

Италија

Навивачите на Милан очекуваа големо тренерско име да го наследи Марко Џампаоло, но клубот се одлучи за уште еден стратег со просечни резултати.

Фановите кога дознаа кои ќе им биде тренер почнаа кампања против негово доаѓање, но тоа не го поколеба раководството.

„Дојдов тука со ентузијазам и пасија. Уверен сум дека заедно може да направиме големи работи“, вели Стефано Пиоли.

„Имам почит за фановите и тие имаат право да ме критикуваат, но тоа дополнително ме мотивира“.

„Ќе работам и на психолошкиот момент кај фудбалерите и на тактиката на теренот. Ова ќе бидат 10 важни денови и ќе се обидам да извадам максимум од секоја можност“.

„Моите принципи се базирани на идеи, интензитет и немилосрдност. Џампаоло е добар тренер, но тој е поинаков од мене“.

Една од работите кои не им се допаѓаат на фановите на Милан е тоа што како мал Пиоли бил фан на Интер, тој во еден период беше и тренер на Нероазурите.

„Минатото е минато, бев дете. Сега сум возрасен, професионалец кој има голема желба за успех“.