24фудбал

Аргентина среќно го замолкна Сигнал Идуна Парк во финишот, Германија испушти два гола предност (ВИДЕО)

Германија и Аргентина одиграа возбудлово реми во Дортмунд, „гаучосите“ со доза на среќа го расипаа славјето на „панцерите“ и се изборија за 2-2

Останато

Двата великана го искористија овој прозорец на УЕФА да ги одмерат силите и да испробаат некои нови играчи. Избраниците на Лев беа извонредни во првиот дел, целосно го надиграа противникот и поведоа со 2-0 со погодоците на Гнабри и Хравец. 

„Панцерите“ беа подобри и на стартот од вториот дел, можеа да водат со три или четири гола, но откако не ги искористија своите шанси, казната стигна. 

Аргентина ја промени формацијата, играчите кои влегоа од клупата донесоа енергија, па „гаучосите изедначија намалија преку Аларио во 65. минута. 

Гостите потоа со доза на среќа стигнаа до изедначување во 85. минута. Окампос биеше, топката минимално го закачи Џан, но доволно за го измами Тер Штеген и да заврши крај стативата за 2-2.