24фудбал

Нејмар го правда својот статус во Бразил: Меси добива специјaлен третман и сигурно не поради тоа што е убав

Нејмар против Сенегал ќе го одигра натпреварот број 100 во дресот на „кариоките“, напаѓачот признава дека добива специјален третман во репрезентацијата но вели дека го заслужил тоа со партиите кои ги пружил.

Останато

Нејмар денеска се појави пред новинарите, напаѓачот слави убав јубилеј и на дуелот со Сенегал ќе треба да го одигра натпреварот број 100 во националниот дрес.

Тој е прва ѕвезда на „кариоките“, често добива специјален третман во споредба со другите играчи, но Нејмар не гледа проблем во ова и го правда својот статус.

„10 години го носам дресот на репрезентацијата, секогаш сум бил еден од најважните играчи, еден од лидерите. Никогаш не сум се криел, секогаш сум работел напорно во националниот тим и сум го давал максимумот“ - вели Нејмар.

„Кога некој ќе прикажува партии како моите, нормално е да добива специјален третман“.

„Меси добива специјален третман во Барселона. Мислите дека добива специјален третман поради тоа што е убав? Не, добива поради тоа што го има направено и игрите кои ги прикажува“.