24фудбал

„Со Роналдо му рековме дека имаме посебни навики, тој ни го тргна виното и пивото, вестите отидоа 'горе' и ‘чао’“

Легендарниот бразилски бек познат по својот „топовски“ удар отворено говори за навиките кои ги имале големите ѕвезди на Реал Мадрид во негово време, се чини дека Дел Боске сакал да направи баланс со таа ситуација, меѓутоа истото не го сторил и Луксембурго.

Шпанија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос откри одредени анегдоти, досега непознати за јавноста од соработката со Висенте дел Боске, поранешниот тренер на „Кралевите“ кој очигледно дека сакал да направи баланс со тогашните ѕвезди на шпанскиот гигант. Луксембурго се обидел барем за момент да воведе ред и дисциплина кај ѕвездите, меѓутоа не успеал во намерата, а неговиот престој во клубот траеше кратко.

Легендарниот бразилски бек со „топовски“ удар открива дека Дел Боске ги организирал тренинг сесиите во Реал Мадрид попладне, бидејќи се плашел дека некои од ѕвездите ќе ги прескокнат утринските тренинзи.

Дел Боске беше и повеќе од пријател, не ви се потребни правила за работа, едноставно е, фудбалерите знаеа што треба да сторат“ вели тој во интервјуто за португалски „Канал 11“.

Тој не разбираше перфектно, тренинзите во понеделник и понекогаш во вторник почнуваа во 17,00 часот, тој не ги закажуваше тренинзите во 11,00 часот наутро бидејќи речиси никој не би дошол во еден таков период“ додава Бразилецот.

Карлос се надоврза и на Хозе Антонио Камачо, кој имал построг режим кон ѕвездите, но според зборовите на Бразилецот, може да се утврди дека не успеал во таквите намери. Што се однесува до Камачо, тој во сезоната 2004/05 се врати во Реал Мадрид и потпиша двегодишен договор како наследник на тогаш отпуштениот Карлос Квеироз, како и да е, работите тргнаа на уште полошо по поразот од Баер Леверкузен со 0-3 во Лигата на шампионите, како и минималниот пораз од Еспањол само четири дена подоцна, брзо потоа се повлече од функцијата, а на негово место дојде неговиот асистент Мариано Гарсија Ремон.

Во тој период постоеше голема опасност во соблекувалната, меѓутоа секогаш ја контролиравме добро и имавме добар однос, посебно со Камачо, кој траеше десет денови“ вели Карлос.

Тој дојде во соблекувалната и се поздрави со сите, премногу сериозна особа и со историја во клубот“ додава тој.

Само чекав да видам што ќе каже, потоа ни рече Сакам сите да се појавите на утрешниот тренинг во 07,00 часот наутро. Нормално, ние утредента трениравме во 10,30 часот, разговаравме со него за да се обидеме да го убедиме да го промени распоредот, бидејќи имавме наши посебни навики“ открива Карлос.

Вандерлеи Луксембурго исто така не успеал да се справи со ѕвездите на Реал Мадрид, како и нивните посебни навики, за кои открива Карлос.

Истото се случи и со Луксембурго, ние имавме навика да пристигнеме во тренинг базата, да ги оставиме торбите во собите и пред појадокот да се напиеме некое пиво или вино, секогаш имаше по две шишиња вино на масата“ вели Карлос.

Роналдо и јас му рековме дека луѓето си имаат свои навики, па така да не се обидува истите да ги промени и да не ги одзима шишињата вино, како и пивото од масата пред појадокот, бидејќи ако се случи тоа ќе имаме проблеми“ открива Бразилецот.

Што направи тој? Најпрво ги одзеде пивата, а потоа и виното, издржа три месеци, фудбалскиот свет е мал, вестите брзо пристигнаа до раководството на клубот и чао“ заклучи легендарниот бек.