24фудбал

„Да ни си пијан? Како може на ум да ти падне ова!“ – откриено како Клоп реагирал на понудата да се врати во Дортмунд

Генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке откри дека во 2018 имал амбициозен обид да го врати Јирген Клоп на Сигнал Идуна Парк, но тренерот на Ливерпул не сакал да слушне за заминување од Енфилд.

Германија

Јирген Клоп помина седум години на кормилото на „милионерите“ и го врати клубот при врвот во Германија и Европа. Тој освои две титули со Борусија Дортмунд во Бундеслигата, а играше и финале во Лигата на шампионите.

Лидерите на клубот од Сигнал Идуна Парк знаат најдобро за што е способен стратегот, па кога во 2018 започнуваа нов проект, му понудиле да се врати.

Генералниот извршен директор, Ханс Јоаким Вацке во својата нова книга откри дека никогаш немал да си прости доколку не му се јави на Јирген Клоп и покрај тоа што знаел дека е практично невозможно да добие позитивен одговор.

„Знаев дека Јирген ќе ме одбие, дека ќе го испочитува договорот со Ливерпул, но кога сакате да тргнете во нов правец, да поставиме некои нови темели во Дортмунд, морав да го прашам Клоп дали може да замисли едно вакво нешто. Не очекував дека ќе добијам позитивен одговор, но никогаш немаше да си простам доколку не го прашав“ – пишува Вацке.

Тренерот на Ливерпул ја раскажа својата страна од приказната и октри како реагирал на понудата.

„Бев во авион и во еден момент ми заѕвоне телефонот. Аке беше на другата страна и ми рече, „Јирген, мораш да се вратиш“. Се смеев, мислев дека се шегува. Кога сфатив дека е сериозен му кажав, „Дали си глупав? Да не си пијан? Како може на ум да ти падне ова! Имам уште неколку години од договорот со Ливерпул““ – објаснува Германецот.