24фудбал

Л'екип ги откри платите на Навас и Икарди во ПСЖ, голманот зема повеќе пари од напаѓачот

Денешното издание на Л'екип ги откри платите на двете големи засилувања на ПСЖ изминатово лето, Кејлор Навас и Мауро Икарди, интересно е тоа што голманот зема повеќе пари од напаѓачот.

Франција

Во последните денови од летниот преоден рок, „светците“ донесоа две звучни имиња. Од Реал Мадрид беше купен Кејлор Навас а од Интер беше позајмен Мауро Икарди.

Денешното издание на Л'екип ги открива платите кои овие играчи ги добиваат на „Паркот на Принцовите“, интересно е тоа што голманот заработува повеќе од напаѓачот.

Весникот вели дека Кејлорс Навас има месечна бруто плата од еден милион евра, или околу 600.00 евра нето, што на годишно ниво е околу 7,2 милиои евра. Неговата плата во Мадрид беше околу 5 милиони евра, па тој добро ќе се офајди од преслебата во Париз.

Што се однесува до Мауро Икарди, Аргентинецот има месечна бруто плата од околу 800.000 евра, или околу 480.000 евра нето, што на годишно ниво е околу околу 5,7 милиони евра. Ова е помалку од сумата која ја добиваше во Милано, и помалку од бројките за кои шпекулираа медиумите пред да се официјализира преселбата во ПСЖ.