24фудбал

Адеми сепак нема да игра против Полска

Аријан Адеми кој беше неизвесен за вечерашниот меч со Полска нема да биде во комбинација за настап, повредата не може да му биде санирана на време.

Македонија

Нов удар за македонската репрезентација, и Аријан Адеми нема да му биде на располагање на селекторот за мечот со Полска.

Адеми беше еден од најдобрите на дуелот со Словенија, но поради удар во левото стопало од игра излезе во 77. минута.

Тој ги пропушти двата тренинзи во Полска но се уште постоеше надеж дека тој ќе може да стисне заби и да настапи, сепак тоа нема да се случи, Адеми не може да игра.

Поради повреди ќе ги нема и Иван Тричковски, Енис Барди, Дарко Велковски и Крсте Велкоски.

Македонија вечерва од 20:45 го игра важниот квалификациски меч против Полска.