24фудбал

Ангеловски: Се боревме до крај, но Полска засужено победи

Македонија го загуби натпреварот против Полска, а со тоа исчезнаа и шансите за пласман на Европското првенство преку квалификациите.

Македонија

Македонија со 2-0 доживеа пораз на гостувањето кај Полска, а победата на Австрија во Словенија значеше и крај на шансите за настап на ЕП преку квалификациите. Останува тоа да го направиме преку Лигата на нации.

„Честитки за Полска. Немам забелешки за моите фудбалери, се боревме до крај, но пресуди искуството и квалитетот на Полска. Тие заслужено победија. Имаме уште два меча од квалификациите, дуелите со Австрија и Израел ќе ни бидат подготовка за полуфиналето во Лигата на нации“, изјави селекторот Ангеловски по натпреварот.

ФОТО: ФФМ