24фудбал

Руди Гарсија нов тренер на Лион

Жозе Мурињо беше поврзуван со клупата на Лион, меѓутоа Португалецот ја одби таа понуда, истата ја прифати Гарсија кој ќе треба да го гаси пожарот во тимот кој бележи очајни резултати во новата сезона. Со истата позиција се поврзуваше и Лоран Блан.

Франција

55 годишниот француски фудбалски стратег Руди Гарсија го презеде кормилото во екипата на Лион откако клубот му врачи отказ на Силвињо пред една седмица по очајните изданија на францускиот прволигаш, вклучувајќи го и минималниот пораз од локалниот ривал Сент-Етјен.

Гарсија беше без ангажман по тригодишниот ангажман на клупата на Олимпик Марсеј, а неговите обврски кон клубот од „Велодром“ завршија во мај годинава, под негово менаџирање со составот, таа екипа успеа да се пласира во финалето од Лига Европа ланската година, а во „Лиг 1“ завршија како петтопласирани.

Лион со својот нов тренер потпиша договор кој е со важност до 2021. година, а со себе, Гарсија ќе доведе само еден асистент, и тоа Клод Фишо, со кого соработуваше во Олимпик Марсеј, Лил и Рома.

Со само девет бода од исто толку одиграни кола во Франција, Лион во моментов е на 14. позиција на табелата.