24фудбал

Панчев: Во Вардар се случуваше нешто чудно, каде отидоа сите тие пари земени од УЕФА?

Дарко Панчев откри зошто ја напуштил функцијата спортски директор во Вардар, вели дека во клубот со случувале чудни работи и побара раководството да објасни каде се парите земени од настапот во групната фаза од Лига Европа.

Македонија

Дарко Панчев во разговор со „Вечерњи лист“ ја прокоментира состојбата во најтрофејниот клуб од Македонија, кој повеќе од 12 месеци е во криза. Во сезоната 2017/18, „црвено-црните“ го доживеаја најголемиот успех и играа групна фаза од Лига Европа, но наместо да се продолжи со напредокот, клубот забележа голем пад. Се должеа пари, си заминаа одредени играчи за смешно обесштетување или за без пари, а клубот не доби и лиценца за настап во Европа.

„Во Вардар се случуваше нешто чудно. Илија Најдоски и јас дојдовме за да го подобриме квалитетот на составот и да го направиме клубот поконкурентен во Европа. Многу брзо успеавме во тоа и направивме големо изненадување кога го елиминиравме Фенербахче“ – вели Дарко Панчев, кој во април 2017 се врати во „црвено-црното“ семејство и стана спортски директор.

„Клубот заработи убава сума на пари од настапот во групната фаза во Лига Европа. Очекувавме луѓето кои го водат клубот да ги инвестираат овие средства во ангажман на подобри играчи за Вардар да стане посилен и поконкурентен. За жал, се случи спротивното, во следните година дена да нема пари, да се должи на сите, некои играчи си заминаа и не беа донесени соодвени замени па резултатите беа катастрофални“.

„Јас и Најдовски видовме дека нема ништо од она што беше договорено на почетокот, затоа полека почнавме да се повлекуваме и повеќе не сме дел од Вардар. Зошто вака се одвиваа работите, можат да објасни само луѓето кои го водат клубот“.