24фудбал

Верати открива: Барселона ме посакуваше во 2016...

Италијанецот во еден период силно се поврзуваше со тимот од „Камп Ноу“, меѓутоа на крајот остана во ПСЖ, иако многумина речиси и да го видеа во дресот на Каталонците, а 26 годишниот фудбалер не крие за интересот од тој клуб.

Франција

Фудбалерот на ПСЖ, како и репрезентативец на Италија, Марко Верати откри дека Барселона посакувала да го ангажира во летото 2016. година, а тој дури и размислувал за таа понуда неколку денови.

Верати имаше клучна улога во враќањето на „Аѕурите“ на подобри патеки по шокот, односно необезбедувањето место на последното Светско првенство во Русија, уште сега Италија обезбеди место на претстојното Европско првенство идната година, а воедно, има клучна улога и во тимот на ПСЖ.

Во интервју за „ЛЕкип“, Италијанецот говореше и за интересот од Барселона, токму во периодот за што пренесуваа голем број медиуми, меѓутоа тој на крајот остана во француската престолнина.

Тие ми понудија нешто сосема различно, а јас мислам дека е нормално да се размисли за таква понуда некој момент“ открива Верати, кој беше запрашан и за контроверзните ситуации кои го обиколуваат, како и приватниот живот.

Кој и да е фудбалер, најпрво тој е една особа како и сите останати, ние не правиме нешто посебно. Јас можам да се забавувам како што тоа го прават и другите, доколку имам слободен период за такво нешто, секако дека истиот ќе го искористам, меѓутоа, постоеше момент кога јас ќе излезев и бев опишан како Марко Верати излегува секоја ноќ, тоа не е така“ додаде Италијанецот кој во 2012. година се приклучи на ПСЖ по трансферот од Пескара за сума од 12 милиони евра.