24фудбал

Доби ангажман во српски второлигаш по големите успеси на „Фудбал Менаџер“, за себе вели дека е легенда на таа игра

Го одведе тимот на Бежанија до полуфинале од Лигата на шампионите, славеше над гиганти како Манчестер Сити, Тотнем, Баерн Минхен, а освои десет титули во низа во најсилниот фудбалски шампионат на Србија, шест Купови, меѓутоа, сето тоа на „Фудбал Менаџер“.

Останато

22 годишниот Андреј Павловиќ од Белград за себе вели дека е легенда во светот на мега популарната симулаторска игра „Фудбал Менаџер“, а неговото искуство од пред компјутерот сака да го пресели во реалниот фудбалски свет.

Павловиќ веќе презел одредени чекори за да го започне својот пат до остварување на своите соништа, па така се понудил на Бежанија да ги предводи, тим кој сезонава забележа седум победи, но исто толку и порази во второлигашката конкуренција на Србија.

Не сакам да си упатувам пофалби на своја сметка, но, за себе можам да кажам дека сум легенда во светот на Фудбал Менаџер“ рече Павловиќ за „СпортБајбл“, а во тимот на Бежанија тој ќе ја има улогата на скаут и аналитичар.

Им ги испратив моите успеси од Фудбал Менаџер, не очекував дека ќе ме повикаат, имав пријателски разговор со директорот на клубот, ме праша дали можам да дојдам на натпревар за да видам како работите функционираат, не можам да поверувам, шокиран сум, ме прашаа дали сакам да волонтирам, сепак се во големи финансиски проблеми“ додава тој.

Поради големите финансиски проблеми, Бежанија се соочува со преселба во понизок ранг, а уште во првиот меч со помошта на Павловиќ, таа екипа славеше со 2-1 над Кабел Нови Сад, а извештајот кој Павловиќ им го доставил на клубот, ги воодушевил челниците на истиот, по што овие веднаш му дале нова задача да ги следи натпреварите и на составот за фудбалери до 21 година.

Доколку коцките се поклопат, би сакал да останам во фудбалот како скаут или аналитичар, тоа ми е сон уште од мали нозе, мислам дека тоа би го работел доста добро, моментално не работам за пари бидејќи го сакам овој клуб, но, се надевам дека во иднина ќе имам и бенефит од тоа“ заклучи Павловиќ.