24фудбал

Скандалот со Бугарија добива нова димензија: Стјуарди ги соблекле елеците, а потоа...

Големи организаторски пропусти биле евидентирани од страна на официјалните лица во текот на мечот кој се одигра во Софија, а кој едвај го дочека својот крај откако на два пати беше прекинуван.

Останато

Најмалку дваесетина бугарски стјуарди, како и останати технички лица ги соблекле своите елеци кои ги носеле на себе како официјална ознака, а веднаш потоа им се приклучиле на навивачите на трибините, пишуваат на Островот во однос на скандалот со расизмот и нацизмот кој остави црна дамка на бугарскиот фудбал.

Англија продолжи со феноменалните изданија, а иако славеше со убедиви 0-6 кај Бугарија во квалификациите за ЕП 2020, мечот во Софија го одбележа скандалозното однесување на гледалиштето, по што сиот фудбалски свет го насочи своето внимание кон тие немили сцени.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов веднаш повика на оставка од страна на првиот човек на бугарскиот фудбал, Борислав Михајлов, а овој веднаш се повлече, меѓутоа на Островот пишуваат за една друга димензија во скандалот од мечот кој се одигра во бугарската престолнина.

Иако звучи неверојатно, сепак „Тајмс“ пишува дека не биле само обични навивачи оние кои упатувале расистички и нацистички извици и гестикулации од трибините, туку и стјуарди, односно технички лица кои на себе претходно имале препознатливи елеци, меѓутоа од истите се ослободиле, по што им се приклучиле на навивачите на трибините од арената „Васил Левски“.

Павел Клименко, специјалист за Источна Европа, во изјава за „Тајмс“ не крие дека постои опција Бугарија да биде исфрлена од квалификациите за ЕП 2020.

Ние веруваме и бараме Бугарија да биде исфрлена од квалификациите за ЕП 2020, УЕФА би требало да направи пример од нив, легалните средства се тука“ вели тој.

Нашите набљудувачи ни рекоа дека на самиот почеток на натпреварот виделе најмалку дваесетина луѓе како влегуваат со елеци на себе како технички лица, меѓутоа веднаш потоа се ослободиле од нив и им се приклучиле на навивачите“ додава тој.

Практично тие беа вработени како лица на стадионот, тоа не е нешто непознато за Источна Европа, многу хулигански групи се поврзани со клубовите преку стјуарди или обезбедувачи, сите точно знаеа каде на стадионот ќе дојде до проблеми“ заклучи тој.

Во меѓувреме, „Дејли Мејл“ пак се осврна на озогласната навивачка група „Лаута Арми“, за која наведува дека има голем придонес за немилите настани во бугарската престолнина, па така англискиот медиум направи целосен опис за „Лаута Арми“.