24фудбал

Бугарскиот фудбал може да има проблем со ФИФА поради Бојко Борисов

Бугарската фудбалска федерација може да биде суспендирана од страна на ФИФА доколку се покаже дека Бојко Борисов има влијание за оставката на Борис Михајлов од претседателската функција на БФФ.

ЕВРО 2020

Бојко Борисов јавно го изрази незадоволството од скандалот кој се случи во Софија кога бугарски навивачи на расна основа ги навредуваа англиските фудбалери, притоа упатуваа и нацистички поздрави. 

Премиерот на Бугарија во пораката побара од првиот човек на Фудбалската федерација, Борис Михајлов да си поднесе оставка од функцијата, а брзо потоа тоа и се случи.

Законите на ФИФА строго забрануваат мешање на политиката и спортот, тие го истражуваат случајот.

„Внимателно ја следиме ситуацијата“, изјави портпаролот на ФИФА за „Скај Спортс“.

ФИФА се уште не почнала формална истрага за случајот, но доколку се утврди дека оставката е под влијание на премиерот на Бугарија може да биде суспендирана Фудбалската федерација на оваа земја.