24фудбал

Реал се противи на идејата „Ел класико“ да се игра во Мадрид наместо на Камп Ноу, предлага одложување

Раководството на Реал Мадрид има став за предлогот на Ла Лига да се направи „рокада“ и првото „Ел класико“ да се игра на Бернабеу наместо на Камп Ноу, „кралевите“ се противат на оваа идеја.

Шпанија

Медиумите од Шпанија денеска објавија дека Ла Лига доставила предлог пресметката помеѓу Барса и Реал закажана на 26. октомври да се одигра во Мадрид наместо на Камп Ноу.

Раководните луѓе на шпанскиот фудбал стравуваат за безбедноста бидејќи истиот ден е закажан голем протест во Барселона по одлуката на Врховниот суд да им изрече затворски казни на каталонските политичари кои го спроведоа референдумот за независност.

Последните информации велат дека двата клуба биле затекнати од предлогот, но веќе завзеле став. Барса не помислува на „рокада“, а и Реал Мадрид се противи на идејата мечот да се одржи на Бернабеу.

„Кралевите“ сметаат дека дуелот треба да се игра на Камп Ноу, а доколку се стравува за безбедноста, тогаш истиот треба да биде одложен и да се одреди нов датум.