24фудбал

Лопез вели дека му простил на Икарди за Ванда: Одбрав да бидам среќен, таков е животот...

35 годишниот аргентински напаѓач се врати во Италија и потпиша за второлигашот Кротоне, доста позната е приказната за тоа што се случи помеѓу него и неговиот некогашен најдобар пријател Мауро Икарди со неговата поранешна сопруга Ванда Нара.

Италија

Макси Лопез тврди дека заборавил на тоа што неговиот некогашен најдобар пријател Мауро Икарди му го стори, откако истиот му ја „украде“ Ванда Нара, поранешната сопруга на Лопез.

Икарди имаше афера со сопругата на својот најдобар другар во период кога таа беше сопруга на Лопез, а поранешните соиграчи од тимот на Сампдорија, сосема очекувано го прекинаа пријателството веднаш потоа.

Сепак, Лопез вели дека повеќе нема ништо драматично во однос на тоа што се случувало во минатото, велејќи дека му простил на неговиот сонародник.

Одбрав да бидам среќен и си донесов одлука за тоа како понатаму во животот, работите можат да тргнат кон добро, но и кон лошо, така е во животот“ вели Лопез во интервјуто за „Клуб 947“.

Мојата врска пропадна, меѓутоа јас станав татко од истата, тоа беше само ситуација, работите тргнаа на тој начин а јас одбрав да живеам на овој начин, со енергија и позитивни вибрации“ додава Аргентинецот.

Мислам дека ја одбрав најдобрата опција, сите имаат проблеми и компликации, но важиот живот зависи од начинот на кој ќе се справите со дадените ситуации, јас му простив на Икарди и немам никакви проблеми со него, моите цели во животот, вон фудбалот, делуваат на човечки работи, се обидувам да пронајдам среќа за децата, тоа е единствената цел која ја имам, останатото е минато, страна која од поодамна ја свртев“ заклучи Лопез.

Лопез беше во брак со аргентинскиот модел Ванда Нара од 2008. до 2013. година, а од тој брак тие имаат три деца, по аферата за која дозна јавноста, Ванда почна постапка за развод, за веќе во 2014. година да стапи во брак со Мауро Икарди, човекот кој беше неразделен пријател со Макси Лопез.

Добрите познавачи на целата ситуација сигурно се сеќаваат на моментот кога Лопез одби да се поздрави со Икарди пред стартот на натпреварот помеѓу Сампдорија и Интер...