24фудбал

Трент Александер-Арнолд влезе во Гинисовата книга на рекорди

Десниот бек на Ливерпул полека но сигурно се истакнува како еден од најдобрите на својата позиција, а неговите импресивни изданија од ланската сезона му донесоа и влез во гинисовата книга на рекорди по еден статистички податок.

Англија

Трент Александер-Арнолд и официјално влезе во гинисовата книга на рекорди, и тоа поради учинокот од 12 асистенции во Премиерлигата ланската сезона, што е за една асистенција подобар учинок од неговиот соиграч Ендру Робертсон.

21 годишниот Англичанец се здоби со статус на првотимец во дресот на европскиот првак уште од ланската сезона, настапувајќи на 29 натпревари во тимот на „Редсите“, а благодарение на одличните перформанси тој беше дел од тимот на годината во Премиерлигата, освен тоа, веќе стана стандарден и на интернационално ниво, односно, во националниот тим на Англија.

Учинокот од 12 асистенции е нов рекорд за еден дефанзивец во Премиерлигата, неговиот колега од спротивната страна, Ендру Робертсон успеа да запише 11 зад своето име.

Со ова, Александер-Арнолд го надмина претходно поставениот и долго несрушен рекорд од страна на дуото од Евертон, Енди Хинчлајф (1994/95), односно Лејтон Бејнс (2010/11), кои имаа по 11 асистенции.

Веројатно Робертсон сметаше дека ќе го надмине тој учинок! Близу крајот на ланската сезона ние обајцата игравме во одлична форма, реализиравме многу асистенции и сето тоа беше добро за да му се помогне на тимот во натпреварите, ова е голема чест за мене, секогаш сакав да се развивам како фудбалер, како и да му помогнам на тимот да создава многу шанси, ова за мене е неверојатно горделив момент, исто и за моето семејство, и нешто што се надевам ќе остане неколку години“ изјави Арнолд.