24фудбал

Хамес е „мамецот“ на Реал Мадрид за една ѕвезда на Челси

Колумбиецот од поодамна се вели дека е на излезна врата од Мадрид, меѓутоа по стартот на новата сезона одредени медиуми пренесоа дека работите се променети во „Кралскиот клуб“ на таа тема, сепак, тој повторно се споменува во една доста интересна опција за тимот од шпанската престолнина.

Шпанија

„Ел Десмарке“ објави дека Реал Мадрид е подготвен да понуди фудбалер од својот состав за да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Челси, НГоло Канте, а со тоа Французинот би можел повторно да му биде соиграч на Еден Азар, дуото беше заедно во тимот од Лондон.

Канте важи за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во светот на фудбалот, а познато е дека италијанскиот шампион Јувентус има голема желба да ги засили сопствените редови со него, дури и се отвори можност за Маурицио Сари да го доведе во тимот на „Старата дама“ фудбалерот за кого има позитивни оценки од неговиот престој на клупата на Челси минатата сезона.

Како и да е, Реал Мадрид има големи проблеми во средниот ред поради повредени фудбалери, а Зинедин Зидан има ограничени опции, па така се наведува дека Хамес Родригез би можел да биде понуден на Челси, а за возврат „Кралевите“ го посакуваат потписот на Канте.

Според неофицијалните информации, се верува дека челниците на Реал Мадрид веруваат дека би можеле да издејствуваат да го доведат 28 годишниот Канте во Мадрид за сума од околу 70 милиони евра.