24фудбал

Манчестер Сити во Интер го пронајде наследникот на Агуеро

Напаѓачот на Интер од пред извесен период беше идентификуван и како можен наследник на Луис Суарез во нападот на Барселона, во Манчестер Сити сериозно размислуваат за тоа како без Агуеро во иднина, тој веќе девет години го носи дресот на „Граѓаните“ низ серија успеси.

Англија

Англискиот првак Манчестер Сити потрагата по наследник на долгогодишниот напаѓач во своите редови, Серхио Агуеро, ја прави во Серија А, а „Граѓаните“ наводно го идентификувале неговиот сонародник Лаутаро Мартинез како негов можен наследник.

Аргентинскиот напаѓач претстојново лето ќе наполни 32 години, а од тогаш па натаму ќе има уште една година важечка во својот актуелен договор со Манчестер Сити, па така Пеп Гвардиола е во потрага по негов наследник, иако опција е секако и неговата досегашна замена Габриел Жесус.

Од Манчестер Сити неколку пати уверуваа дека не постои напаѓач како Агуеро, меѓутоа јасно е дека во англискиот шампион сериозно размислуваат за тоа како понатаму без поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид.

„Калчомеркато“ пишува дека Лаутаро Мартинез би можел да продолжи онаму каде што би застанал Агуеро во Манчестер Сити, а напаѓачот на „Нероаѕурите“ во неколку аспекти е споредуван со својот сонародник, вреди да се напомене дека веќе беше на радарот на Барселона како наследник на Луис Суарез во нападот на Каталонците.

Италијанскиот медиум додава дека трансфер на Лаутаро на Островот не би бил така лесно остварлив за „Граѓаните“, кои најмалку што ќе мораат да сторат е да ја активираат неговата откупна клаузула од договорот со Интер која изнесува 111 милиони евра.

Од друга страна пак, повеќе медиуми известија дека може да дојде до големи промени во договорот на Лаутаро со Интер, откако клубот од Милано веќе е во преговори со претставниците на напаѓачот околу продолжување на соработката, а доколку дојде до такво нешто, сигурно дека откупната клаузула на Аргентинецот ќе се зголеми.