24фудбал

Лукас Ернандез не крие дека постоел интерес од Реал Мадрид, објасни зошто ги одбил „Кралевите“

Французинот не крие дека од Реал Мадрид имале обиди да го обезбедат неговиот потпис, тој вели дека не станува збор за изминатиот летен преоден рок, а објасни и зошто неговиот одговор бил негативен.

Шпанија

Лукас Ернандез објасни како Реал Мадрид се обидел да го ангажира во периодот кога тој го носел дресот на градскиот ривал Атлетико Мадрид, а дополнително Французинот објасни зошто ги одбил „Кралевите“.

Францускиот интернационалец во летниот преоден рок се приклучи на Баерн Минхен, а трансферот на 23 годишниот дефанзивец го чинеше германскиот шампион 80 милиони евра.

Реал Мадрид направи обиди да ме ангажира, вистина е тоа, меѓутоа не станува збор за изминатото лето“ вели Ернандез за „Франс Фудбал“.

Сепак, не би отишол во тој клуб, не откако ги носев боите на Атлетико Мадрид долг период“ додава Французинот кој помогна во титулата за Атлетико Мадрид во Лига Европа ланската сезона, а стана еден од најзначајните фудбалери во составот предводен од Диего Симеоне.