24фудбал

Мане за „инцидентот“ со Салах: Вајналдум чекаше сите да дојдат, а потоа на цел глас...

Се чини дека нема никакви недоразбирања повеќе помеѓу двете ѕвезди на европскиот првак, за тоа просведочија и нивните изјави по тоа што се случи на мечот со Барнли, а Сенегалецот откри и детали од тоа што се случило во соблекувалната на „Редсите“ по крајот на пресметката.

Англија

Фудбалерот на Ливерпул вели дека сите соиграчи им се истуриле нему и Мохамед Салах за ситуацијата во кое двоецот на „Редсите“ за момент се чинеше дека го разниша својот однос.

Како за потсетување, се работи за мечот на гостувањето кај Барнли во Премиерлигата каде Ливерпул славеше убедливо со 0-3, а Мане, кој не играше цели 90 минути на таа пресметка, односно беше повлечен порано од теренот, беше гневен за една ситуација во која беше осамен и во чиста позиција да постигне гол, но Салах беше себичен во таа ситуација и освен што не му ја додаде топката, тој солираше и упропасти чиста шанса за Ливерпул.

Мане не го криеше разочарувањето од тој потег на Египјанецот и бурно реагираше, камерите ја уловија и неговата реакција кога беше повлечен од игра, а соиграчите едвај го смируваа.

Тоа беше недоразбирање, сакав само да му помогнам на тимот, погледнете го Сити, понекогаш постигнуваат по пет или шест погодоци, ако постои можност да се реши мечот уште во раната фаза, зошто да не го сториме тоа, мислам дека тоа е од особено значење, затоа бев фрустриран“ изјави Мане.

Ние разговаравме, а сесе врати на старото, разговаравме меѓусебно, а потоа и Јирген Клоп ме повика во канцеларијата за да разговараме на таа тема, му реков дека тоа веќе се случи и враќање назад нема, а тој беше изненаден“ додаде тој и потоа откри детали од тоа што се случило во соблекувалната по крајот на мечот.

Сите ни се истурија за тој момент, особено Вајналдум, кој обожава да се закача со сите, тој чекаше до последниот момент да дојдат сите, а потоа дојде до мене и на цел глас рече Мо Салах, зошто Мане сака да те удри?, а целиот тим започна да се смее“ рече Сенегалецот.