24фудбал

Пулишиќ „скршен“ од фрустрација, Лампард е во право, потребен му е период за адаптација (ВИДЕО)

Канада по цели 34 години успеа да слави победа над Соединетите Американски Држави, а тоа го стори во рамките на четвртото коло од КОНКАКАФ Лигата на нации, сепак, мечот во Торонто го одбележа фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ.

Останато

Канада славеше со 2-0 над САД, а седо моментот кога Пулишиќ беше на теренот во тимот на гостите, резултатот беше израмнет без погодоци. Водечкиот гол домаќинот го постигна само три минути откако Пулишиќ беше повлечен од игра.

Пулишиќ беше доведен во Челси од Борусија Дортмунд, како наследник на Еден Азар кој направи трансфер во Реал Мадрид, но, Американецот „настрада“ откако тешко се снајде во адаптацијата во новата средина, а притоа не добива голема минутажа од Френк Лампард.

Лампард често потенцираше дека на Пулишиќ му е потребен период за адаптација и веројатно е во право за таа констатација, особено на таа тема доволно говори и реакцијата на Пулишиќ откако беше повлечен од игра.

Американецот беше скршен од фрустрација, па дури и заплака на клупата за резервни фудбалери, што фрла сомнеж дека психички не е доволно подготвен за големи предизвици, иако станува збор за голема класа од фудбалер.