24фудбал

Изненадувачки трансфер, Јувентус дал амин, Манџукиќ се договорил со Милан!?

Изминатиов период често се говореше за преселба на Марио Манџукиќ во Манчестер јунајтед, но последните информации говорат за изненадувачки трансфер во редовите на Милан.

Италија

Хрватот не е дел од плановите на Маурицио Сари, изминатото лето се бараше купец, но Марио Манчукиќ остана во Торино. Откако заврши периодот рок во Европа, се правеа обиди тој да биде продаден во Катар, но пропадна и една ваква зделка.

Во последниве месец дена често се говореше дека напаѓачот во јануари ќе се пресели во Манчестер јунајтед, дури се пишуваше дека тој постигнал договор со „ѓаволите“, но денеска се појавија написи за изненадувачки трансфер и останување во Серија А.

Ил Џорнале пренесе дека Јувентус дал амин за трансфер на Сан Сиро и Марио Манџукиќ веже си подал рака со Милан. Весникот додава дека и Интер пројавил интерес, но „старата дама“ одбилда да продава на ривал за Скудетото.