24фудбал

Мане: Преферирам да градам училишта и да делам храна на сиромашни наместо да купам десет Ферарија

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане вели дека богатството кое го заработил со помош на фудбалот сака да го користи за да им помогне на други наместо да го троши на луксузни работи.

Англија

Фудбалот од година во година станува се полукративен, една или две добри сезони обезбедуваат богати трансфери и суми кои во минатото се плаќале само за најдобрите играчи. Играчите добиваат огромни плати, кои најчесто ги трошат на скапи автомобили, накит и огромни вили. 

Но има и исклучоци од правилото, еден од нив е Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул вели дека не го сака ваквиот живот и преферира да им помогне на другите.

„Зошто би сакал да имам 10 Феррија, 20 часовници со дијаманти или два авиона? Како овие предмети ќе ми помогнат мене и на светот?“ - вели Мане.

„Гладував, работев на поле, преживеав војни, бос играв фудбал, немав образование и уште многу други работи... Но денеска со парите кои ги заработувам благодарејќи на фудбалот, можам да им помогнам на другите. Градам училишта, игралишта, обезбедувам облека, обувки и храна за луѓето кои живеат во голема сиромаштија“.

„Не ми треба да се фалам со луксузни автомобили, лукзусни вили, авиони, патувања... Преферирам да го споделам она што животот ми го дал“.