24фудбал

Меси објасни зошто не се фали како Ибрахимовиќ и Роналдо

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси вели дека тој претпочита луѓето да зборуваат за него отколку самиот тој да кажува колку е добар.

Шпанија

Ибрахимовиќ често зборува за тоа колку е добар, Швеѓанецот разви таков имиџ и го негува со години. И Кристијано Роналдо знае од време на време да се пофали себе си, но таков не е и Меси.

„Јас повеќе сакам луѓето да зборуваат за мене. Знам кој сум и што сум направил и што можам да дадам, но тоа си го чувам за себе. Луѓето можат да зборуваат. Јас не сакам да зборувам за себе, сакам да зборувам за колективот“, вели Меси.

Аргентинецот вели дека сега треба да се подготвува поинаку за мечевите и да се грижи за телото поради годините.

„Тешко е бидејќи психолошки сте добри, мислите дека имате 25 години и дека можете да продолжите да ги правите истите работи како и претходно. Но телото владее и има работи кои треба да ги правите повнимателно од претходно. Да се адаптирате на бараниот процес и да се подготвите поинаку за тренинзите и мечевите“.

Меси целата своја кариера игра за Барселона за разлика од другите кои сакаа да пробаат и нешто ново па правеа трансфери.

„Сите сакаат да ги остварат своите цели и да пробаат и нови искуства. Јас никогаш не сум имал потреба да го напуштам најдобриот клуб во светот, а тоа е Барселона, каде уживам на тренинзите, натпреварите и во градот. Тука имам се, и секогаш сум мислел на целите на клубот отколку да одам на некое друго место“.