24фудбал

Добри вести за Арсенал во вистински момент, Лаказет се врати на тренинзите

„Топчиите“ веројатно ќе бидат засилени во својот состав за Александре Лаказет за претстојното гостување кај Шефилд Јунајтед во понеделник во рамките на осмото редовно коло од англиската Премиерлига.

Англија

Добри вести за Арсенал и шефот на стручниот штаб на тој состав Унаи Емери, напаѓачот на таа екипа Александре Лаказет се рехабилитираше од повредата и веќе одработи целосен тренинг со своите соиграчи.

28 годишниот Французин забележа само три настапи во новата сезона за Арсенал, а последен негов настап беше оној во дуелот против градскиот ривал Тотнем кој заврши со реми од 2-2 во еден возбудлив меч, тогаш напаѓачот во 67. минута беше повлечен од игра, а од тогаш па наваму пропушти цели седум меча за „Топчиите“.

Лаказет се враќа во вистински момент за Арсенал кој има одличен распоред во претстојните кола од Премиерлигата, а во вторник на домашен терен Премиерлигашот го пречекува тимот на Виториа Гимараеш од Португалија во Лига Европа.

Французинот играше и под повреда на глезенот одреден период, меѓутоа се чини дека ризикот ја наплати цената на дербито со Тотнем, па така се остварија најавите дека во октомври тој ќе се врати на терените.

Во однос на гостувањето кај Шефилд во понеделник, на официјалниот клупски сајт на Арсенал излезе и соопштение за Лаказет во кое се наведува дека конечната одлука околу тоа дали Французинот ќе забележи настап во понеделник, ќе биде донесена во претстојните денови.