24фудбал

Алегри за шпекулациите со Манчестер јунајтед: Се уште не говорам добро англиски, меѓутоа учам

Италијанецот е прв избор за клупата на Манчестер јунајтед како наследник на Оле Гунар Солшер кој е под голем притисок поради слабите резултати на тимот, дополнително со Премиерлигашот се поврзува и Марио Манџукиќ.

Англија

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри ги коментираше шпекулациите кои извесен период го поврзуваат со клупата на Манчестер јунајтед, а истовремено даде свој коментар и за Марио Манџукиќ, хрватскиот напаѓач кој исто така се поврзува со Премиерлигашот.

Во интервју за „Прзеглад Спортови“, италијанскиот фудбалски стратег запрашан за шпекулациите со Манчестер јунајтед даде краток коментар, а не ги криеше пофалните зборови кон Манџукиќ, за кого смета дека бил многу специјален за него.

Се уште не говорам добро Англиски, меѓутоа учам“ рече Алегри дополнително подгревајќи ги шпекулациите.

Тренерот најпрво мора да ги праша своите фудбалери за тоа што можат тие да му понудат, од оваа гледна точка, Манџукиќ беше многу специјален за мене, бидејќи со начинот на кој игра, тој ми даде многу во конструктивната фаза од натпреварите“ додаде Италијанецот.