24фудбал

Михајловиќ за прв пат оваа сезона се појави на тренинг на Болоња (ВИДЕО)

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ се појави на тренинг на Болоња за прв пат откако му беше дијагностицирана тешката болест.

Италија

Милахјловиќ во јули соопшти дека има леукемија по што ја почна борбата со болеста. Имаше две фази на хемотерапија, а со тимот на Болоња комуницираше преку видео линк. Се појави и на некои натпревари, но сега за прв пат е на тренинг.

Србинот пред една недела излезе од болница и помина време со семејството, а денеска се појави на тренинг центарот на Болоња.

Во сабота навечер Болоња му гостува на шампионот Јувентус и се уште нема информација дали Михајловиќ би го водел тимот на тој натпревар.

Тој ќе сака да биде покрај аут линијата бидејќи е и добар пријател со Маурицио Сари.

Проблем е што за сабота прогнозата вели дека времето ќе биде лошо, ладно и врнежливо, а хемотерапијата го намалува имунитетот.