24фудбал

Матеус со предупредување до Баерн Минхен: Ериксен не е доволно добар

Кристиан Ериксен не може да направи разлика на големо ниво, тврди германската фудбалска легенда Лотар Матеус во екот на шпекулациите кои Данецот го поврзуваат со трансфер во редовите на „Баварците“.

Германија

Плејмејкерот на Тотнем, Кристиан Ериксен влезе во финалната година од својот актуелен договор со Премиерлигашот од Северен Лондон, а изминатиов период се поврзува со трансфер во Баерн Минхен, но, Матеус смета дека евентуален таков потег на „Баварците“ би ги чинела голема грешка, а образложи и зошто.

Ериксен во меѓувреме се уште се поврзува и со Реал Мадрид, а шпекулациите со шпанскиот гигант траат од поодамна, веќе во јануари Данецот ќе може да преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги, а доколку не се случи трансфер во тој период, идното лето ќе може да си замине од Тотнем како слободен играч на трансфер пазарот.

Германски „Спорт1“ наведе дека Данецот ќе биде отворен за преговори со Баерн Минхен откако германскиот првак го реобнови интересот за плејмејкерот, но, Матеус, кој освои седум титули во Бундеслигата смета дека клубот наместо кон Ериксен треба да тргне по фудбалерот на Баер Леверкузен, младиот Каи Хавертз.

Го следам тој фудбалер подолг период, а досега, од веќе виденото од негова страна во оваа сезона, само гледам разочарување од неговите перформанси“ вели Матеус за Ериксен.

Трансфер во Баерн Минхен нема никаква смисла според мене, а такво сценарио би било доста изненадувачко за мене, јас сметам дека доколку тој не е доволно добар за Тотнем, исто така не е доволно добар ниту за Баерн Минхен, Ули Хенес уште од претходно има наведено дека на клубот не му се потребни дополнителни резерви“ додаде Германецот.

„Ериксен е добар техничар, типична „десетка“, меѓутоа тој е премногу бавен во играта а Нико Ковач сака брзи фудбалери, од моја гледна точка, Ериксен не е фудбалер кој може да направи разлика на високо ниво, идното лето Баерн Минхен треба да обрне внимание на потенцијален трансфер на Хавертз, тие веќе имаат одличен избор за „десетка“ во тимот, и тоа Филипе Кутињо, не можете да го изоставите ниту Томас Милер кој може да игра на секоја офанзивна позиција, тој не смее да си замине, стојам на мојот став дека евентуален трансфер на Ериксен не би имало никаква смисла“ заклучи Матеус.