24фудбал

Алекс Фергусон наместил фудбалски меч во Лигата на шампионите, земал и аванта од трансфери!?

Сер Алекс Фергусон наместил натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус со помош на корумпиран агент и за возврат добил златен часовник Ролекс вреден 30.000 фунти, легендарниот тренер на Манчестер јунајтед исто така зелам и аванта од трансфери, ова беше слушнато на денешното судско рочиште во Лондон.

Англија

Пред неколку години, репортери на Телеграф за да ги откријат матните зделки во светот на фудбалот беа на тајна задача и глумеа бизнисмени и претставници на агенции кои сакаат да инвестираат во фудбалот. Им беа открини многу тајни, а тогашниот селектор на Англија, Сем Алардајс мораше да поднесе оставка откако се најде спелткан во една неморална зделка.

Како дел од истражувањето, денеска во Лондон се водеше процес против три лица, агентот Џузепе Паљара, неговиот соработник Дакс Прајс и асистент тренерот на Барнсли, Томи Рајт. Сите тројца се обвинети за мито и корупција, а на рочиштето беа обелодени дел од приказните кои Џузепе Паљара им ги раскажал на навинарите.

Портата слушна дека Сер Алекс Фергусон заговарал со Џузепе Паљара да наместат натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус, клуб со кој агентот имал близок и добар однос. Паљара се заблагодарил со тоа што на Шкотот му дал златен часовник Ролекс вреден 30.000 фунти.

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед исто така е обвинет дка земал аванта од трансфери, и сакал да соработува само со агенти кои сакале да делат пари со него. Паљара велел дека лично тој му имал исплатено процен на Ферги.