24фудбал

Ковач се правда за контроверзната изјава за Милер: Тоа беше моја грешка, се изразив неправилно

Очекувањата во Германија се Милер да го врати својот првотимски статус во редовите на „Баварците“, тоа може да се случи уште претстојниов викенд на мечот против Аугзбург, меѓутоа останува на тоа најавите да се потврдат.

Германија

На Баерн Минхен конечно му тргна под кормилото на хрватскиот фудбалски стратег Нико Ковач, но следеше ладен туш во Бундеслигата, и тоа од Хофенхајм на домашен терен, веднаш по убедливата победа кај Тотнем во Лигата на шампионите со неверојатни 2-7.

Пред мечот со Хофенхајм, Ковач имаше контроверзна изјава за Томас Милер околу малата минутажа која ја добива 30 годишниот фудбалер во изминатиов период, наведувајќи дека ќе игра кога ќе има потреба за такво нешто, а сега Хрватот се правда дека погрешно се изразил, наведувајќи дека сепак тоа било негова грешка.

Тоа беше грешка од моја страна, се изразив неправилно, одговорив за прашањата со Милер бидејќи истите постојано се појавуваа во изминатите неколку седмици, не сакав да се изразам на начинот на кој го сторив тоа, меѓутоа јасно ми е на каков начин се изразив“ рече Ковач на пресконференцијата во пресрет на мечот со Аугзбург.

Јас разговарав со Милер уште наредниот ден по таа изјава, себеше разјаснето во однос на таа ситуација, тој воедно ја разбра ситуацијата и тоа што навистина го мислев, направив мала грешка, но тоа се случува понекогаш“ додаде Хрватот.

Се верува дека сепак Ковач и Милер се во одлични односи во моментов, а самиот тренер верува дека фудбалерот има разбирање за ситуацијата во која се наоѓа, пред некоку денови претседателот на „Баварците“, Карл-Хајнц Румениге јасно посочи дека Милер е многу важен дел од клубот и релацијата помеѓу клубот и самиот фудбалер е одлична.