24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Вистинско време за искористување на валјд-карта, одлични опции во Челси

Заврши интернационалната пауза, а претстојниов викенд се играат натпреварите од деветтото редовно коло во најсилниот англиски фудбалски шампионат, тоа е одлична вест за големите љубители на „Премиерлига Фантази“ играта кои сигурно со нетрпение чекаа да завршат натпреварите на репрезентациите.

Останато

Веројатно е дојдено вистинско време за искористување на валјд-карта опцијата ова коло на „Премиерлига Фантази“, со оглед на досегашното видено од одиграните осум кола во Премиерлигата, каде имавме можност да проследиме многу изненадувања.

Се чини дека поразот на Манчестер Сити од Вулверхемптон, и тоа на домашен терен со 0-2 ја прели чашата и кај најголемите оптимисти дека нешто ќе се промени на добро во играта на „Граѓаните“ кои заостануваат веќе осум бода зад Ливерпул во горниот дел од табелата.

Голем избор, но луда ротација на Пеп Гвардиола која не им дозволува спокој кај натпреварувачите кои се решија да селектираат фудбалери од Манчестер Сити, неизвесен статус имаше дури и Рахем Стерлинг, па и Серхио Агуеро, Зинченко го немаше ниту во составите, а Вокер дури и во почетниот состав, беше повлекуван од игра пред 60. минута, а со тоа пропаѓаше можноста за бодови од клин-шит, односно меч без примен гол.

Затоа веројатно сега е најдобра можност да се искористи валјд-картата и да се направат повеќе промени во составите, ние предлагаме средствата да се искористат на најдобар можен начин, а воедно освен добар почетен состав, да се внимава и на клупата за резервни фудбалери, да се одберат играчи кои се во втор план, меѓутоа во прв кај сопствените клубови.

Со оглед на тоа што сугестираме да се одбираат фудбалери најмногу по основ на распоредот на натпревари, кај голманската позиција ќе започнеме со Руи Патрисио (5.1) од Вулверхемптон, кој е на врвот од листата на бодовите кај голманите, а доколку ја видите табелата и четворицата најдобри досега, веројатно е дојден вистински момент да размислите на некоја поефтина варијанта во однос на Едерсон од Манчестер Сити, или Де Хеа од Манчестер јунајтед, па така Руи Патрисио е добар избор, а за тоа дополнително говори и распоредот на Вулверхемптон во продолжението од сезоната.

Рајан (4.6) од Брајтон и Поуп (4.7) од Барнли се интересни како втора опција, кој и да го одберете веројатно нема да зажалите, од причина што би можеле да ги ротирате со Руи Патрисио во дадени моменти, со оглед на распоредот на натпреварите.

Рикардо Переира (6.2) од Лестер, заедно со Трент Александер-Арнолд (7.2) од Ливерпул се најдобрите опции во дефанзивната линија, станува збор за бекови со голема активност на противничките половини, а притоа голема е можноста тие да продолжат со асистенции, а зошто да не и по некој погодок од нивна страна. Обајцата се инаку на делба на првото место по бројот на освоени бодови кај дефанзивците досега.

Со оглед на тоа што од ова коло, па веројатно и на подолг рок за продолжението од сезоната, ќе примениме нова формациска поставеност од 3-4-3, или 3-5-2, советуваме дефанзивната линија да ја заокружите со Маркос Алонсо (6.2), бекој кој профитираше од повредата на Емерсон, па така се врати во почетниот состав на Челси, а Лампард кој немаше избор, едноставно мораше да му укаже шанса на Алонсо, овој дефинитивно ја искористи истата, а дополнителна мотивација кај натпреварувачите треба да биде распоредот на натпревари за Челси.

Диего Рико (4.2) од Борнмут, како и Луис Данк (4.6) од Брајтон се интересни опции за клупата за резервни фудбалери.

Се префрламе на средниот ред, таму, и покрај лудата ротација која постојано им нанесува штета на натпреварувачите, ние предлагаме да му се даде шанса, барем ова коло на Давид Силва (7.6), еден од постандардните фудбалери во шемата на Пеп кој постојано е активен и доста опасен по противниците. Манчестер Сити во наредните три кола има противници по мерка, па овој избор може да се промени потоа, бидејќи ќе следи гостувањето кај Ливерпул.

Лестер има противници по мерка цели девет кола во низа, па тука можеме секако да го вметнеме и мечот против Арсенал на домашен терен за четири кола, па така со оглед на скандалот кој изби со Џејмс Медисон, за кого англиските медиуми наведоа дека се коцка со репрезентативната кариера, откако беше „уловен“ во казино за време на мечот кој „Гордиот Албион“ го играше кај Бугарија, веројатно е дека тоа ќе влијае на неговата игра во Лестер, а таму во средниот ред имате еден доста интересен избор.

Вилфред Ндиди (5.0) и Јури Тиелеманс (6.4) се одличен избор од Лестер, нема дилеми дека нема да погрешите кој и да одберете од тој двоец, Медисон е секако најдобрата опција, но, како што напоменавме, по скандалот, ќе сочекаме да видиме каква ќе биде неговата реакција.

Го напоменавме распоредот на натпревари, а веројатно голем број натпреварувачи внимателно го простудирале истиот, а од статистичките податоци од „Фантази Премиерлигата“ кои ќе ги наведеме преку графички приказ подоле, ќе го видите Мохамед Салах на второто место на листата на фудбалери исфрлени од составите, дури 353.168 натпреварувачи го сториле тоа, а нашите претпоставки засега се поклопуваат со овие статистички податоци, поради тоа што ќе му дадеме шанса на Садио Мане (11.7).


Одличниот распоред на Челси ни носи и една голема дилема во средниот ред на тој состав, таму се Вилијан (7.0) и Мејсон Маунт (6.8) одличен избор, конечниот избор ќе го пласираме подоле во анализата, иако блага предност му даваме на Маунт, бидејќи токму тој е првиот изведувач на прекините во тимот на Лампард, што отвора можност за асистенција или погодок од негова страна.

Со оглед на фактот што мораме да внимаваме на буџетот со кој располагаме (100), петтиот фудбалер во средниот ред, кој предлагаме да биде прв на клупата за резерви, советуваме да биде фудбалер кој игра како напаѓач во реалноста, а се води како играч од средниот ред, а Калум Робинсон (5.3) е најдобриот избор за тоа, напаѓачот на Шефилд Јунајтед се соочуваше со повреда, меѓутоа е целосно подготвен за нови бодови, ќе потсетиме дека во четвртото коло освои фантастични 11 бода откако постигна гол, но и асистенција во ремито кај Челси (2-2).

Доколку не е Робинсон, тука е секако Дани Себалјос (5.5) од Арсенал, со оглед на одличниот распоред на „Топчиите“, Шпанецот е одличен избор заедно со Робинсон.

Пјер-Емерик Обамејанг (11.1) од Арсенал е напаѓачот кој веројатно морате да го имате во својот состав, со оглед на одличниот распоред на „Топчиите“, засега тој постигна седум погодоци на осумте одиграни натпревари досега, а очекуваме неговата низа да продолжи.

Младиот Тами Абрахам (7.7) од Челси е исто така втората опција во нападот која морате да ја имате во својот состав, иако распоредот на Лестер во продолжение ни создава одредена дилема за Џејми Варди (9).

Џордан Аје (5.1) од Кристал Палас има одлични резултати зад себе во новата сезона, постигна три погодоци, но тоа е одличен учинок за фудбалер со таква оценка кој воедно е прв избор во нападот на тимот на Рој Хоџсон кој знае да изненади.


Конечен избор, прв тим: РУИ ПАТРИСИО (5.1); ПЕРЕИРА (6.1), АРНОЛД (7.2), АЛОНСО (6.2); Д. СИЛВА (7.6), МАНЕ (11.7), МАУНТ (6.8), ТИЕЛЕМАНС (6.4); ОБАМЕЈАНГ (11.1), АБРАХАМ (7.7)

Клупа за резерви: ПОУП (4.6); РОБИНСОН (5.3), АЈЕ (5.1), РИКО (4.1), ДАНК (4.6)


Капитен за претстојното коло: АБРАХАМ

Заменик капитен: МАУНТ

 

А на крајот, како и вообичаено и стандардно, анализата ќе ја заокружиме со преглед на лигата „Македонија“ каде се сместени натпреварувачите од нашата земја на генерално ниво, како и лигата на „24фудбал“ која во моментов брои 521 натпреварувач.

Благој Димовски со 512 бода од досегашните натпревари е прв во Македонија, па проследете го неговиот избор од последното коло.




Борис Симовски со 507 бода е прв во лигата на „24фудбал“, имате можност да го проследите неговиот избор од последното коло.



Среќно до сите натпреварувачи и не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe