24фудбал

Клоп: Солшер вели дека сме перфектен противник и едвај чека да игра против нас? Ќе се погрижиме да зажалат

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги повика своите играчи да ја продлабочат кризата на Манчестер јунајтед и со добар резултат да заминат од Олд Трафорд.

Англија

„Ѓаволите“ го имаат најлошиот старт во последните 30 години со 9 бода од 8 кола. Манчестер јунајтед е во резултатска криза а пред клубот од Олд Трафорд е дуел со лутиот ривал Ливерпул, кој е перфектен и има осум победи од осум натпревари.

И покрај тоа што Ливерпул делува прилично силно, Оле Гунар Солшер истакна дека „црвените“ се перфектен противник и едвај го чека натпреварот. Јирген Клоп не се сложува со ваквата констатација и ги повика своите играчи да ја продлабочат кризата на Манчестер јунајтед.

„Тие се подготвени, не чекаат. Рекоа дека сме им биле перфектен противник, да можете да гледате на работите така, но и не мора. Мислам дека нема многу тимови кои би сакале да играат против нас, и се чини дека во моментов Манчестер јунајтед е единствениот кој сака да се пресмета со нас, па треба да се погрижиме тие да зажалат“ - вели Германецот.

„Манчестер јунајтед е во незгодна ситуација, сакат да ја променат, но ние треба да се погрижиме да почекаат уште една недела пред да им се вратат на победите“.

Јирген Клоп исто така очекува Солшер да излезе со силен тим и покрај тоа што „ѓаволите“ имаат одредени проблеми со повредите.

„Добро знам колку е силен Манчестер јунајтед и очекувам да излезат со најдобар можен состав. Пред неколку дена велеа дека Де Хеа и Погба нема шанси да играат, сега велат можби а утре сигурено ќе речат дека се подготвени. Марсијал ќе се врати... Ова се нормални работи кои се случуваат пред секое дерби, доволно сме искусни за да знаеме што не чека“.