24фудбал

Родри: Екипите на Клоп се спротиставуваат како животни, тие се како нож, еден ви надоаѓа, а потоа и друг

Фудбалерот на англискиот првак Манчестер Сити, големото засилување Родри не криеше пофални зборови за најголемиот ривал на „Граѓаните“ за титулата во Премиерлигата, тимовите на Клоп ги наведе како ‘животни’.

Англија

Родриго Ернандез, или попознат како Родри, во интервју за „Гардијан“ говореше на повеќе теми, меѓутоа секако најинтересното е во делот каде тој го опишува Ливерпул, најголемиот ривал на „Граѓаните“ во трката за титулата од Премиерлигата.

Ливерпул е тим кој форсира контра напади, токму на тоа се заснова нивната игра, меѓутоа тие се доминантни, постигнуваат голови од игра, офанзивните механизми во нивната игра носат резултати, имаат голема разноликост во играта. Тимовите кои ги предводи Клоп се силни на физички план, тие ви се спротиставуваат како животни, тие се како нож, еден ви надоаѓа, а потоа и друг, но, секоја екипа има свои лоши и добри моменти, а ние мораме да искористиме евентуална прилика кога тие ќе се најдат во незгодна ситуација“ рече Родри кој потоа ја коментираше и ситуацијата по шокантниот пораз од Вулверхемптон на домашен терен со 0-2.

Тешко беше по победата над Ватфорд од 8-0 веднаш потоа да загубиме од Вулверхемптон, но, никој не сака да губи, Гвардиола знае како да ја смири ситуацијата, да го одржи тимот по еден таков пораз, а без притоа да го убие тимот. Ние добро ја согледуваме ситуацијата во која се наоѓаме, Гвардиола сигурно веќе има во предвид каде треба да се подобриме, ние сме многу добри кога ја крадеме топката на противничката половина, кога правиме пресинг, треба да бидеме подобри во контра нападите“ додава тој.

Манчестер Сити во моментов заостанува осум бода зад лидерот Ливерпул по осумте одиграни кола во најсилниот англиски фудбалски шампионат, сигурно дека трката за титулата во Премиерлигата во продолжението од сезоната ќе биде уште поинтересна, а веројатно и докрај неизвесна, како лани.