24фудбал

„Скај Спортс“: Џан во јануари би можел во Манчестер јунајтед

Се' погласни се шпекулациите дека Германецот би можел да се врати на Островот, но, овој пат во Манчестер јунајтед, тој се најавува дека би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ во пакет со Алегри и Манџукиќ.

Италија

„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер јунајтед сериозно размислува во јануарскиот преоден рок да тргне по потписот на фудбалерот на Јувентус, Емре Џан.

Иднината на Германецот во редовите на италијанскиот првак е неизвесна, особено откако „Старата дама“ одлучи да го изостави од составот за Лигата на шампионите, по што на сцена настапија голем број шпекулации околу тоа каде би можел да заврши.

Откако „Тутоспорт“ во вторникот пренесе дека Џан би можел да замине на „Олд Трафорд“ во пакето со Масимилијано Алегри и Марио Манџукиќ, кои исто така се поврзуваат со Премиерлигашот, „Скај Спорт“ на Островот се придодаде на тие шпекулации.

25 годишниот Џан мина четири години од својата кариера во дресот на ривалот на Манчестер јунајтед во Премиерлигата, екипата на Ливерпул, а во редовите на Јувентус се приклучи ланското лето.

Со Алегри на клупата на италијанскиот првак, Џан запиша 37 настапи за „Старата дама“ ланската сезона, а успеа да го подигне и шампионскиот трофеј во Италија.

Како и да е, со доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на тимот од Торино, Џан го загуби првотимскиот статус, па речиси сигурно е дека ќе си замине уште во јануари.