24фудбал

По 32 постоење згасна поранешниот клуб на Несторовски и Трајковски, Сицилија тагува за Палермо

Палермо во иднина ќе се натпреварува во Серија Д, но како нов клуб под името ССД Палермо, ваквото сценарио е сосема очекувано со оглед на сите случувања во и вон клубот изминатиов период, а проблемите ги натераа Трајковски и Несторовски да си заминат од Сицилија.

Италија

Клубот во кој настапуваа македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, кој воедно беше и капитен, Палермо замина во историјата и згасна по 32 постоење во својата клупска историја.

Причините поради кои клубот згасна од поодамна се познати, а истите се од финансиска природа, односно голема финансиска загуба и малверзации на тоа поле, иако се обидуваа да се вратат во елитното друштво на Серија А, Сицилијанците и покрај тоа што беа на прагот да го сторат тоа откако успеаа да изборат место во плејофот, беа префрлени во понизок ранг, односно Серија Д.

Поради проблемите во кои западна клубот, нашите репрезентативци Трајковски и капитенот на Сицилијанците, Несторовски беа принудени да си заминат, првиот се пресели во Мајорка, а вториот во редовите на Удинезе.

Во Италија пренесуваат дека Андреа Зампарини, синот на поранешниот сопственик Маурицио Зампарини иако понудил 10 милиони евра за подмирување на долговите, констатирано е дека тоа е далеку од сумата која клубот мора да ја обезбеди за да ги подмири сите долгови кои ги има.