24фудбал

Зидан ја коментираше средбата со Погба

Францускиот фудбалски стратег имаше средба со фудбалерот кого од поодамна се шпекулира дека сака да го има во составот на Реал Мадрид, а од друга страна ниту неговиот сонародник нема ништо против таа идеја.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, како и фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, беа уловени како имаат средба во Дубаи за време на интернационалната пауза, таа средба секако ги подгреа шпекулациите за трансфер на Погба во Реал Мадрид, нешто што се најавува од поодамна.

Зидан во однос на таа средба вели дека била чиста шанса, а разговорот со Погба го наведе како личен.

Тоа беше чиста коинциденција, тој беше таму, а јас имав разговор со него, ние се познаваме меѓусебно, нормално е да разговараме, тоа е лично“ рече Зидан кој е инаку голем обожовател на играта на својот сонародник.

Погба во јануари? Постојат многу опции за сите клубови, клубовите одлучуваат, ние ќе играме со 11 фудбалери, а ќе има и такви кои ќе се најдат на клупата за резерви, ќе пронајдеме солуција“ додаде Зидан во однос за тоа какви се шансите неговиот сонародник да се пресели во Реал Мадрид уште во јануарскиот преоден рок.