24фудбал

Баерн Минхен прими гол од Аугзбург уште во 27. секунда! (ВИДЕО)

Германскиот првак уште на самиот старт од гостувањето кај Аугбузрг денеска доживеа шок, откако домаќинот ја искористи првата укажана прилика да постигне гол против фаворитот.

Германија

Баерн Минхен гостува кај Аугзбург во рамките на осмото редовно коло од Бундеслигата, а бранителот на најсилниот шампионат на Германија уште во првата акција на домаќините успеа да прими гол во сопствената мрежа.

Рихтер во 27. секунда ги шокираше „Баварците“ откако домаќинот на умешен начин се снајде по едно изведување крај аут линијата.


Сепак, во продолжението од пресметката, само 13 минути подоцна Левандовски донезе израмнување за Баерн Минхен, а со тој резултат се замина на паузата.